Дабар 2019 заврши! Ви благодариме на учеството, како и на вашата поддршка при организацијата на овој натпревар во нашата држава.

На овој натпревар, учествуваа точно 25166 ученици од Македонија, со што нашата држава е меѓу оние со процентуално најголем број учесници на овој популарен меѓународен натпревар. Натпреварот го поддржаа 209 училишта.

Доколку сте земале учество во натпреварот (како наставник или ученик), информации за вашиот сертификат (и постигнатите резултати) можете да најдете тука. Повеќе информации можете да добиете кај вашиот наставник.

 

   Информација! Натпреварот е завршен, а системот е ажуриран и дозволува создавање на сертификати за сите учесници на натпреварот, преглед на сопствените резултати (за учениците), и преглед на постигнувањата на сите ученици од училиштето (за наставниците).

Овој документ содржи основни информации за натпреварот, како и сите задачи и решенија кои беа дадени на овогодинешното издание на Дабар 2019 во Македонија.

Истиот е во pdf формат, и е погоден за читање на компјутер, како и за печатење. Наставниците можат да одберат кои задачи и решенија ќе им ги презентираат на нивните ученици за време на некој час по натпреварот. Имајте во предвид дека задачите на почетокот на документот се (донекаде) полесни, а они при крајот потешки.

 

Статистика

На натпреварот учествуваа 25166 ученици од Македонија, од голем број основни и средни училишта во државата. Во продолжение, дадени се подетални информации за реализацијата на натпреварот во нашата земја.

Основни училишта

Натпреварот се спроведе во 163 основни училишта во Македонија. На него можеа да учествуваат сите ученици од 1-во до 9-то одделение, користејќи ги компјутерите во нивните училишта.

Од десната страна е прикажан бројот на ученици по одделенија, поделени по пол (машки и женски).

* Листа на основни училишта кои учествуваа на натпреварот


 

Средни училишта

Натпреварот се спроведе во 46 средни училишта во Македонија. На него можеа да учествуваат сите ученици од 1-ва до 4-та година средно образование, користејќи ги компјутерите во нивните училишта.

* Листа на средни училишта кои учествуваа на натпреварот

 

 

Реализација на натпреварот


Благодардност до сите инволвирани во натпреварот. Соработката ќе продолжи и во иднина.

наставник во основно училиште

Задачите беа многу интересни за учениците, како и секоја година на натпреварот Дабар.

наставник во средно училиште

 


Други натпревари

Дополнително, Здружението на информатичарите на Македонија сака да ги информира сите ученици и наставници дека постојат и неколку други натпревари кои се организираат во Македонија, а преку кои можете да бидете избрани и да ја претставувате нашата држава на меѓународни настани, и да патувате на балкански и интернационални натпревари по информатика.

Повеќе информации можете да најдете на веб сајтот на ЗИМ: http://cs.org.mk/index.php/natprevari.

На веб-сајтот http://mendo.mk има и систем за учење и подготовка за натпревари по информатика, како и автоматско оценување на вашите решенија. На истиот, можете сами да започнете со учење и вежбање, во било кој период од денот. Овие натпревари се поврзани со програмирање, и системот има материјали за учење на основите на програмскиот јазик C++, алгоритми, структури на податоци; како и задачи од повеќе регионални, национални и меѓународни натпревари по информатика.